Поврзете се со нас

Англија

Дибала обелодени зошто пропаднал неговиот трансфер во Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала повеќе од една деценија настапува во Италија во Палермо, Јувентус и Рома, но овој престој на Апенините можеше да биде далеку пократок затоа што пред неколку години имаше можност да заврши во Англија во редовите на Манчестер Јунајтед.

Се работи за 2019 година кога Јуве беше во преговори со клубот од „Олд Трафорд“ за трансфер во кој ќе биде вклучен и Ромелу Лукаку. Коцките се местеа за таа операција, но на крајот зделката пропадна, а причината беше самиот фудбалер кој сега обелодени зошто тоа го направи.

-Тоа лето, се сеќавам дека имаше интерес од Манчестер Јунајтед како и од Тотенхем, но  беше повеќе Манчестер бидејќи Јувентус сакаше да го направи тој потег.

-Тоа беше сезоната кога Јуве го назначи Сари, па разговарав со него за да дознаам дали навистина не ме сака во тимот. По нашиот разговор, мојата намера беше да останам. не сакав да заминам. Сакав да останам затоа што бев среќен (во Торино). Тоа беше мојата најдобра година, -откри Пауло кој имаше супер важна улога за „бјанконерите“ во освојувањето на пехарот во Серија А во таа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни