Поврзете се со нас

Италија

Дибала нема среќа: Интер ги прекинал преговорите со Аргентинецот

Објавено

на

Пауло Дибала нема среќа во преговорите со клубовите, па откако остана без можност да го продолжи договорот со Јувентус, сега може да се остане и без трансфер во Интер.

Се веруваше дека договорото на Дибала и Интер е прашање на денови, но Џанлука Ди Марцио тврди дека ситуацијата е променета.

– Интер ги прекинал преговорите и не знам ни дали ќе ги продолжат.

– Дибала не знае каде ќе ја продолжи кариерата, а во секој случај Аргентинецот ќе мора да прифати намалување на платата.

– Има интерес за него од Севилја, но шпанскиот клуб му нуди плата од само 3 милиони евра, – тврди Ди Марцио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни