Поврзете се со нас

Италија

Дибала направи мала споредба меѓу Де Роси и Мурињо по фантастичниот гол на Рома: Многу работи се променија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала постигна два гола во победата на Рома над Калјари која беше трета во низа за „волчицата“, учинок кој изгледа навистина задоволително со оглед на лошата форма во која беше тимот до пред само две недели.

Отказот кој го заработи Жозе Мурињо помина нависитна лошо кај тифозите на Рома, но резултатски гледано, оваа тешка одлука предизвика позитивен шок врз првиот тим кој сега е предводен од Даниеле Де Роси.

Легендарниот капитен на Рома сега како тренер на првиот тим уживаше во триумфот над Калјари, а посебно може да биде горд на контрата и акцијата која ја изведоа неговите миленици при голот за 2:0.

– Навистина сме многу среќни, одигравме добро од самиот старт, вршевме пресинг и го читавме противникот. Вториот гол беше фантастичен, тоа го тестиравме и го вежбавме на тренинзите цела недела. Теренот на „Олимпико“ не е во најдобра форма, но постигнавме извонреден погодок, – изјави Пауло Дибала, кој направи и мала споредба меѓу Де Роси и Мурињо.

– Многу работи се променија, не само поради смената на системот. Мурињо и Де Роси се целосно различни, а и не е само тоа. После тешкиот период, се погледнавме себеси во очи и решивме подлабоко да го решиме проблемот. Де Роси донесе позитивна енергија, го познава градот и клубот подобро од било кој. Донесе многу ентузијазам, не тера да сфатиме дека можеме да направиме нешто во кое не верувавме до пред неколку недели, – изјави Дибала.

Видеото од голот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни