Поврзете се со нас

Италија

Дибала конечно се огласи и откри зошто ја одбил неверојатната понуда од Саудиска Арабија

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала се најде во центарот на вниманието на крајот на изминатава седмица, бидејќи најпрво сите го отпишаа од Рома и го преселија во Саудиска Арабија, за потоа Аргентинецот да се премисли во последен момент и да ја прекине операцијата со Ал Кадсијах.

Аргентинецот се збогуваше со тифозите на Рома во Тригорија центарот и навистина изгледаше дека е решен да тргне по големо богатство, но на крајот Пауло одби 75 милиони евра и остана верен на „волчицата“.

Дибала вчера беше и во стартната постава на Даниеле Де Роси во мечот со Емполи кој нема по добро да го паметат навивачите на Рома, меѓутоа и покрај лошото издание, доста голем фокус се стави на изјавата која ја даде Пауло за својот нереализиран трансфер во саудискиот фудбал.

– Сите прашуваат само за парите, но јас не гледам така на мојата одлука. Кога носам важна одлука, ставам многу работи на маса. На прво место е моето семејство, мојата сопруга, а потоа следат градот, тимот, соиграчите и враќањето во националниот тим. Имам 30 години, се чувствувам добро и покрај тоа што добивам доста критики за моите повреди.

– Јас се грижам за себе најдобро што можам. Ќе бидам искрен, нормално е да се замислите кога ќе ви понудат толку пари на маса, но има и други работи за разгледување кога носите една важна одлука. Не знам како реагирале Саудијците на мојата конечна одлука, преговорите со нив ги водеше мојот агент кој ми е повеќе од претставник, тој е мој пријател, – изјави Дибала.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни