Поврзете се со нас

Италија

Дибала ја објасни контроверзната прослава на голот на Рома: Некој зборува…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома дојде до посакуваните три бода во пресметката со Удинезе (3-1) и тоа со два гола постигнати по 80 минута на мечот.

„Волчицата“ го добија првиот дел, гостите израмнија во 57 минута преку Тован, па домаќините одново мораа да пронајдат начин да се вратат во игра, водство и тоа им успеа во преку Дибала пред Ел Шарави во 90 минута да стави точка на трите бода.

Токму Пауло при погодокот имаше една неочекувана прослави и стави прст на уста, поточно сакаше некого да замолкне. Овој потег секако донесе реакции, па Аргентинецот објасни за што се работи.

-Некој зборува премногу без причина. Секогаш се трудам да го дадам најдоброто за мојот тим, -истакна Пауло кој беше стрелец на 4500 гол за Рома во историјата.

-Мило ми е, се трудам да ја вратам сета љубов што ми ја даваат овие луѓе. Сакам да останам во историјата со трофеј. Беше добра ноќ, важно беше да се победи, -рече офанзивецот кој говореше и соработката со Ромелу Лукаку.

-Се разбираме, тоа е тајната. Се обидуваме да имаме важна врска и добро ја наоѓаме, -заврши Пауло кој има три гола во Калчо лигата во оваа кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни