Поврзете се со нас

Италија

Дибала изведе мајсторија од слободен удар, разиграната Рома се искачи на петтото место (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома сериозно влезе во трката за топ четири пласман и изгледа како тим кој може да се носи со притисокот, особено откако составот го предводи легендарниот капитен на „волчицата“, Даниеле Де Роси.

Гостувањето кај Монца знае да биде незгодно за сите големи екипи во Серија А, но вечерва тоа не беше случај за Рома која покажа дека е максимално разиграна, постигнувајќи четири гола во мрежата на домашниот тим.

Рома поведе многу рано, но првиот гол на Кристанте беше поништен, но оние на Пелегрини и Лукаку не беа воопшто спорни, па така гостите имаа предност од 0:2 на полувреме.

Во вториот дел, Дибала со мајсторија од слободен удар потврди дека е во врвна форма и зголеми на 0:3, а четвртиот гол беше дело на Паредес од белата точка.

Пред самиот крај, Монца постигна почесен гол и се избори за подостоен пораз, а стрелец на маестралниот погодокот беше Карбони.

Со новите три бода, Рома ја мина Аталанта и изби на петтата позиција, па сега има само бод помалку од четвртопласираната Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни