Италија
Дибала: Испративме порака, нема егоизам во Рома

Рома ја забележа првата победа во Серија А и тоа во 4. коло во соочувањето со Емполи кој настрада на „Олимпико“.
Домашниот тим славеше со 7-0 и со тоа најави подобри резултати, изданија во продолжението на сезоната. Пауло Дибала беше единствениот кој постигна два гола на дуелот и тоа беше важно како за него така и за тимот.
-Ние секако требаше да испратиме порака, да промениме нешто и секој од нас се обиде да се жртвува давајќи нешто повеќе. Мислам дека тоа го направивме вечерва. Среќен сум со доаѓањето на Лукаку, Азмун, Н’Дика и сите нови засилувања. Зборував со тренерот и се обидов да се вратам во форма за време на репрезентативната пауза, добро се чувствувам денеска, -порача Аргентинецот кој смета дека нема да има проблем со Ромелу Лукаку околу изведувањето на ударите од 11 метри.
-Тука нема егоизам, кој чувствува дека сака да го изведе пеналот ќе го изведе. Јас ќе земам некои, а некои ќе бидат за моите соиграчи, порача напаѓачот за „ДАЗН“.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)