Поврзете се со нас

Италија

Дибала и Кристанте дадоа мајсторски голови, „седумка“ на Рома на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Екипата на Рома ја забележа првата сезонска победа во Серија А, победа од 7-0 со која наплати за лошиот старт во најсилната италијанска конкуренција.

Нивна жртва беше составот на Емполи кој сигурно уште долго ќе го памети овој меч на „Олимпико“. „Волчицата“ одигра фуриозно, првиот дел го заврши со 3-0 со головите на Дибала, Санчес и Граси (автогол).

Во второто полувреме пак стрелаа Дибала, Кристанте, Лукаку и Манчини за „седумка“ на пресметката во Рим.

Со вкупно 4 бода четата на Мурињо е на 12 позиција на табелата. Емполи пак е на самото дно со гол разлика 0-12.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни