Поврзете се со нас

Италија

Дибала и Јувентус седнуваат на маса: Тој е во центарот на нашиот проект

Објавено

на

Екипата на Јувентус ја забележа првата победа во новата сезона и тоа на гостувањето во Шведска кај Малме во рамките на првото коло во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ славеше со 3-0 со погодоците на Пауло Дибала, Алекс Сандро и Алваро Мората, а по оваа средба Аргентинецот и клубот соопштија дека седнуваа на маса за да разговараат за продолжување на соработката.

Договорот на Пауло завршува наредната година, но двете страни се оптимисти дека ќе можат да се разберат и дека напаѓачот ќе остане во Торино.

-Мислам дека ќе има нова средба оваа недела. Директорите се сменија, така што почнавме од почеток. Се надеваме дека ќе дојдеме до среќен заклучок, се надевам дека наскоро ќе има добри вести. Секогаш се обидувам да дадам се од себе. Страните разговараат, сите сме на иста страница и се надеваме дека ќе дојдеме до среќен заклучок, -порача Дибала.

Јасна порака испрати и Павел Недвед.

-Го ставивме Дибала во центарот на нашиот проект. Ние сметаме на играчот и ќе се обидеме да го потпишеме договорот што е можно поскоро, -истакна Недвед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни