Поврзете се со нас

Италија

Дибала и Гендузи ја продолжија „војната“, Аргентинецот повторно го тролаше членот на Лацио (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Вчерашното градско дерби меѓу Рома и Лацио донесе вообичаена нервоза на теренот, па во одредени ситуации судиите мораа да ги разделуваат двете страни, спречувајќи поголем конфликт.

Пауло Дибала беше еден од инспираторите на триумфот на „волчицата“, но директно учествуваше и во вербалните пресметки за време на средбата, за на крајот да испорача и директна провокација кон еден од фудбалерите на Лацио.

Дибала во април минатата година го имаше првиот пожесток дуел со Матео Гендузи, исто така за време на римското дерби, а тогаш го тролаше ривалскиот играч покажувајќи му го штитникот со освоениот мундијалски трофеј.

Аргентинецот и Французинот сега имаа нова епизода, па пред заминувањето во соблекувална, Дибала со гестикулација му појасни на Гендузи дека има пет скудета, додека тој нема ниту една шампионска титула во Серија А.

Рома победи на дербито со 2:0, но Лацио и натаму има многу подобра позиција и дури дванаесет бодови повеќе од градскиот ривал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни