Поврзете се со нас

Италија

Дибала го спореди Де Роси со Алегри и Мурињо: Сите профитиравме од тренерската смена

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала е главната ѕвезда во тимот на Рома и финишот од сезоната ќе влијае врз неговата конечна одлука, од која ќе зависи дали фановите ќе можат да уживаат во неговата магија и наредната сезона.

Аргентинскиот фудбалер се подготвува за дербито против Милан во Европа во навистина добро расположение по победата остварена над Лацио, а во најавата за четвртфиналето во Лига Европа, Пауло говореше и за напредокот кој го забележа тимот под водство на Даниеле Де Роси.

– Споредувајќи го со другите тренери со кои работев, Даниеле штотуку ја почнува оваа работа и е на самиот старт. Јас претходно работев со Макс Алегри и Жозе Мурињо, тренери кои имаат освоено многу титули. Сепак, начинот на кој го гледам како работи секој ден и што им дава на играчите, може да се предвиди дека ќе дојде на нивото на Алегри и Мурињо.

– Навистина имаме многу добар однос, а некои одлуки не зависат од мене и од него, туку едноставно од клубот. Сите сме среќни од неговата работа и би било одлично ако продолжиме да работиме со него. Што се однесува до мене, ќе мора да разговарам со клубот и да ги дознаам плановите за иднина. Сепак, ова не е моментот за тоа, имаме големи натпревари пред нас и целта е да стигнеме до Лигата на шампиони, – изјави Дибала.

По доаѓањето на Де Роси, играчи како Паредес и Пелегрини добија многу поофанзивни и позначајни улоги во тимот на Де Роси, па Дибала навистина смета дека голем дел играчи профитирале од тренерската смена во јануари.

– Тренерот ми дава слобода да бирам и да најдам свое место на теренот. Мислам дека неговиот стил на игра им донесе бенефит на сите во тимот, имаме квалитет да играме брз фудбал, со едно или две додавања. Сега повеќе ја имаме топката во свои нозе и така имаме повеќе шанси да постигнеме гол. Статистиката е доказ дека сме на прав пат, – заврши Дибала.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни