Поврзете се со нас

Италија

Дибала го победи коронавирусот, веднаш испрати порака до своите фанови

Објавено

на

Пауло Дибала имал втор негативен тест за коронавирус, па сега официјално потврди дека конечно се излечил од опасниот вирус.

Информацијата ја потврдија Дибала и неговиот клуб Јувентус, а тоа значи дека аргентинскиот фудбалер деновиве ќе може да им се приклучи на индивидуалните тренинзи на својот тим.

Дибала беше трет фудбалер на Јувентус со коронавирус, откако претходно позитивен тест имаа Даниеле Ругани и Блес Матуиди, а тие и многу порано стигнаа до два негативни теста кои им овозможија да излезат од самоизолација.

Веднаш по објавувањето на информацијата, Дибала преку социјалните мрежи им се обрати на фановите.

– Многу луѓе зборуваа изминативе денови, но конечно можам да потврдам дека сум излечен. Благодарам уште еднаш за поддршката и моите мисли се со оние кои се уште се борат со вирусот, – напиша Дибала на Твитер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни