Италија
Дибала го напушти теренот со солзи во очите, Мурињо загрижен: Не сум оптимист (Видео)

Жозе Мурињо ги замолкна шпекулациите за негово заминување од Рома по победата која ја оствари неговиот тим на гостувањето во Калјари, кое сепак не беше целосно добро за клубот од италијанската престолнина.
Рома успеа да оствари победа од 1:4 во меч во кој два гола постигна Ромелу Лукаку, но на кој лоша вест беше повредата на аргентинскиот фудбалски мајстор, Пауло Дибала.
Пауло имаше еден жесток судир со противнички фудбалер и веднаш алармираше со своите болни гримаси, а загрижувачка изјава по натпреварот даде и искусниот Мурињо.
Дибала го напушти теренот со солзи во очите, па бидејќи се работи за повреда на коленото, првите импресии не се воопшто оптимистички.
– Јас ги слушам моите играчи. Пауло не е оптимист за повредата и затоа и јас не сум оптимист. Мора да почекаме неколку дена додека да бидат направени резултати, но јас верувам на искуството кое го имаат моите фудбалери. Тој добро си го познава телото, Пауло не е оптимист, па не можам да бидам и јас. Медицинските лица се огласуваат само откако ќе бидат направени сите тестови, – изјави Мурињо.
Dybala down and In tears. Looks like it could be another injury 😢 pic.twitter.com/M9xwPpJwWZ
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) October 8, 2023
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума