Поврзете се со нас

Италија

Дибала ги откри тројцата омилени соиграчи и посочи што научил од соработката со Роналдо и Меси

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала е еден од ретките фудбалери кои можат да се пофалат дека ја делеле соблекуваланта со двајцата играчи кои ги одбележаа изминатите две децении, бидејќи од една страна беше колега со Меси во репрезентацијата, а соиграч му беше Роналдо во Јувентус.

Аргентинецот секогаш зборувал со максимална почит кон двајцата и се обидувал да не избере страна, а во најновото интервју ги истакна искуствата кои никогаш нема да ги заборави.

Дибала имаше одличен однос со Роналдо во Јуве и знаеја да се натпреваруваат кој ќе постигне повеќе голови, додека со Меси го доживеа најдоброто нешто во фудбалот на крајот на 2022-ра година.

– Од Роналдо научив како да бидам посветен на спортот, научив како да се однесувам и да бркам победа на секој меч. Од друга страна, играњето со Меси беше исполнување на животниот сон. Меси и инспирација за сите нас во Аргентина, а ние имавме прилика одблиску да го гледаме на теренот. Со него доживеав задоволство кое никогаш нема да го заборавам, го освоивме Светското првенство.

– Роналдо е шампион, искуството со него беше навистина многу убаво, научив што значи да се биде посветен, неговата желба за подобрување е неверојатна. Не ме чуди што игра на највисоко ниво и во оваа фаза од кариерата. Меси, Игуаин и Роналдо се моите омилени соиграчи, – открива Дибала.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни