Поврзете се со нас

Свет

Дибала ги издвои тројцата најдобри соиграчи во кариерата

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала веќе долго е на фудбалската сцена на која во моментов го брани дресот на калчолигашот Рома.

Низ досегашното патување беше дел од Институто, Палермо, Јувентус, плус тука е и аргентинската репрезентација, односно имаше можност да ја дели соблакувалната и теренот со доста квалитетни имиња, но ако мора да издвои кои се неговите тројца омилени-тоа се Лео Меси, Гонзало Игуаин и Кристијано Роналдо.

-Меси, Роналдо и Игуаин се моите тројца омилени соиграчи во светот на фудбалот. Роналдо е шампион, играњето со него во Јувентус беше прекрасно. Од него научив за посветеноста на мојата професија и желбата за победа и покрај се што веќе имав постигнато. Не сум изненаден што му оди добро и во Саудиска Арабија.

-Иако мојот сон од дете беше да играм со Меси… тој веќе е постојана инспирација. Да ја поделам победата на Светското првенство со него – е нешто што никогаш нема да го заборавам, -порача Пауло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни