Дибала даде прва информација за неговата здравствена состојба (ФОТО)

dibala

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала ја испрати првата порака откако официјално беше соопштено дека е заразен со коронавирусот.

На 21 март Дибала објави дека тој и неговата девојка Ориана Сабатини имале позитивен тест за да сега одново се огласи на социјалните мрежи и даде најнова информација за тоа каква е нивната состојба.

-Ние сме добро, -порача кратко и јасно Аргентинецот.

https://www.instagram.com/p/B-KqrTZq4-g/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Пауло е еден од тројцата играчи на Јувентус кои имаат КОВИД-19, останатите се стоперот Даниеле Ругани и големиот борец Блас Матуиди.

Facebook Коментари