Поврзете се со нас

Италија

Дибала бил ограбен додека неговите соиграчи играа против Зенит

Објавено

на

Пауло Дибала нетрпеливо чека да се врати на терените и да им помогне на соиграчите од Јувентус, но во меѓувреме доживеал уште една непријатна ситуација.

Во вторникот навечер, Дибала и неговата партнерка не биле во својот дом во Торино, а очигледно тоа го знаела и криминалната група која провалила во куќата.

Инцидентот се случил додека Јувентус играше против Зенит во Русија, а Дибала очигледно го следел натпреварот на друга локација.

Италијанските медиуми велат дека Аргентинецот сигурно останал без вредни предмети, но засега нема официјална потврда од полицијата за материјалната штета.

„Ла Стампа“ одбележува дека ова е прв ваков инцидент, односно кражба во дом на фудбалер на Јувентус, по неколку години, односно такво нешто во минатото им се случи и на Клаудио Маркизио и Мауро Каморанези.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни