Поврзете се со нас

Свет

Диаз постигна два гола за пет минути и го потопи Бразил во Баранкилја (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/CONMEBOL

Луис Диаз помина многу тешки моменти откако беа киднапирани неговите родители, но позитивната разрешница на инцидентот му беше и одлична инспирација на квалификацискиот дуел меѓу Колумбија и Бразил (2:1).

Неговата селекција оствари голема победа, а токму Диаз ги постигна двата гола со кој домашните репрезентативци ги израдуваа фановите на стадионот „Метрополитано“.

Во „премиерлигашкиот дуел“, Мартинели донесе предност за „селесао“ уште во 4. минута, но Диаз меѓу 75 и 79. минута погоди два пати за целосен пресврт и голема победа на неговата Колумбија.

Емотивните моменти беа надградени со фактот што неговото семејство беше на трибините, а неговиот татко со солзи во очите ги испрати головите на ѕвездата на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни