Поврзете се со нас

Англија

Диаз го спаси Ливерпул од шокантен пораз од Лутон и побара ослободување на неговиот татко (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LutonTown

Екипата на Ливерпул не го оправда статусот на фаворит и освои само бод во соочувањето со Лутон во последниот меч од денешната програма во Премиер лигата.

„Црвените“ беа апсолутни фаворити против новајлијата во најсилната англиска фудбалска конкуренција, но иако упатија преку 20 удари и го имаа поседот на топката во свои нозе, тие не дојдоа до посакуваните три бода.

Трагичар дефинитивно беше Нуњез кој имаше неколку обиди, неколку шанси од кои најголемата беше во 70 минута кога не реализираше чист зицер. Набрзо стигна казната и по една контра во 80 минута Чонг ја мести топката во мрежата на Бекер.

Неверојатно: Нуњез го промаши невозможното против Лутон (ВИДЕО)

Избраниците на Клоп не се предаваат, притискаа и преку нововлезениот Дијаз кој минута низ една семејна драма израмнија на 1-1 во 95 минута. Колумбиецот по овој гол имаше и една порака „слобода за неговиот татко“ кој како што е познато е киднапиран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни