Поврзете се со нас

Македонија

Диата го реши Вардар, водечката тројка продолжи да победува во ПМФЛ

Објавено

на

Нови победи забележа водечката тројка Силекс, Шкендија и Гостивар во Првата македонска лига.

Во рамките на 16. коло Силекс го оправда статусот на фаворит и лесно се справи со Воска Спорт (4-1), Шкендија го надигра Шкупи со 2-0 со погодоците на Шаља и Ибраими, додека пак на средбата во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ составот на Гостивар беше подобар од Вардар со 2-0.

Централна фигура беше интернационалецот од Сенегал Диата кој со „бомба“ во 63 минута донесе водство за својот тим, a пак во 87 минута направи се и испрати топка до Ивановски на кого му остана задача само да ја турне истата во мрежата на Гачевски.

РЕЗУЛТАТИ 16 КОЛО:

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 2-0

БЕСА – БРЕРА 0-1

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-2

СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 3-1

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1-0

ВАРДАР – ГОСТИВАР 0-2

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни