Поврзете се со нас

Македонија

Дианеси направи клучна разлика на „вечното дерби“, Вардар ги освои трите бода во самата завршница

Објавено

на

Foto:facebook.com/FKVardarSkopje

Вечното дерби во македонскиот фудбал донесе рововска битка за секој метар од теренот, но сепак Вардар беше за нијанса подобар од Пелистер и на крајот сосема заслужено се израдува на победа пред своите навивачи.

За разлика од минатата сезона, Вардар во новата натпреварите на домашен терен ги игра на националната арена „Тодор Проески“ и големото дерби се играше на најдоброто фудаблско здание во нашата земја, на кое по голема битка и беспоштедна борба на теренот видовме еден гол во самата завршница.

Летното засилување Џибрил Дианеси се најде на вистинско место во вистинско времее по еден корнер во 82-та минута, па на 8 минути пред крајот му донесе предност на домашниот тим, која се покажа како круцијална за минимален триумф.

Претходно, Вардар имаше повеќе амбиции да го нападне голот на битолчани и дочека награда за поофанзивниот пристап, додека Пелистер сигурно ќе жали за шансата пред крајот на првиот дел, кога Гачевски со фантастична интервенција спречи сигурен гол на Талевски.

Конечниот епилог на крајот донесе голема радост на Западната трибина на која беа сместени „Комитите“, бидејќи Вардар ја запиша првата победа во новата натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни