Поврзете се со нас

Англија

Диало по блесокот против Сити: Работев напорно за овој момент…

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го совлада Манчестер Сити со 2-1, а најголема заслуга за тоа имаше Амад Диало кој едноставно беше над сите на теренот, постојано активен, опасен за да на крајот биде тој кој со два потези му пресуди на градскиот ривал.

Прво ја искористи грешката на домаќините и изнуди пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш за да во 90 минута реализира и го урне шампионот на „Итихад“.

-Долго време чекав да го имам овој момент. Работев толку напорно секој ден за да го имам овој момент, да го живеам овој момент и многу сум среќен што тимот е многу среќен со мене затоа што сум кул човек.

-Секогаш кога тренираме на сите им ставам насмевка, но во играта треба да се биде сконцентриран и да се даде максимум. Знаевме дека денеска нема да биде лесно бидејќи тие се во водечките тимови. Но, ова е дерби и треба да бидете полути од нив и покажавме дека сме гладни, -истакна Амад.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни