Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија се расплака и откри дека бил трогнат од говорот на Меси во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Аргентина ја оправда фаворитската улога против Канада и со победа од 2:0 се пласираше во ново финале на Копа Америка, а за „гаучосите“ ова ќе биде трето големо финале на трите последни важни турнири.

По освоените титули на Копа Америка и Светското првенство, оваа генерација на Аргентина планира да го одбрани трофејот во Јужна Америка, а еден од клучните играчи во новото финале ќе го одигра последниот меч како репрезентативец.

Анхел Ди Марија одбележа една незаборавна ера во аргентинскиот дрес и е еден од играчите кои секогаш го даваа максимумот, па поради тоа бил посебено прозван и од Лео Меси за време на говорот пред полуфиналто.

– Не сум подготвен за мојот последен меч во националниот тим, но мислам дека е време да се повлечам. Што и да се случи во финалето, мислам дека ќе си заминам на голема врата. Дадов се што имав за Аргентина, – изјави расплаканиот Ди Марија и додаде.

– Пред да излеземе на теренот, Леео Меси имашее говор и порача дека ќе играат за мене, ќе одиграат да се простам во едно финале. Неговиот говор ме трогна и ме облеа со гордост, – откри Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни