Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!

Објавено

на

Анхел Ди Марија само уште неколку денови е член на Пари Сен Жермен, односно со почетокот на наредниот месец станува слободен играч и треба да донесе важна одлука за клупската иднина.

Офанзивецот има 34 години и не се гледа премногу во Европа, па неговата цел е да потпише краткорочен едногодишен до двегодишен одговор по што би се вратил во татковината за да ја заврши кариерата.

Ди Марија сака да повлече потег кој ќе биде корисен за него затоа што од истиот ќе зависи настапот во репреентацијата на Светското првенство во Катар. Екс играчот на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е долгогодишен репрезентативец, но е свесен дека конкуренцијата е голема или поточно смета дека неговото минато нема да биде доволно само по себе за да влезе во списокот на селекторот Лионел Скалони.

-Eдинствениот кој веќе е на списокот е Лео Меси. Четири месеци од сега едноставно не знаете, морам да го сменам мојот клуб, повторно да се адаптирам, да играм и да се чувствувам добро и тоа прави многу разлика, -порача Анхел за „ТНТ Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни