Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија побарал луда сума на пари од Саудијците, тие прифатиле: Сопругата ми рече…

Објавено

на

foto: x.com/slbenfica_en

Анхел Ди Марија веќе е на залезот од својата кариера, кариера во која го тера вториот мандат во редовите на Бенфика.

Иако е блиску до 40. родина од животот тој се уште е значаен дел од клубот од Лисабон, клуб во кој тој инсистирал да се врати и покрај тоа што имал подобри понуди од кои впечатлива била онаа од Саудиска Арабија.

-Имав неколку понуди, со суми што никогаш не сум ги видел на хартија. Но во договор со моето семејство реков: „Не, одам во Лисабон, сакам да се вратам во Бенфика“. Имав понуда пред да заминам во Италија, но сакав да ја испробам таа лига, да видам како е таму, Јувентус е најголемиот клуб.

-Јас немам менаџер, пријател го прави сето тоа за мене. Добив понуда од Саудиска Арабија и реков „не“. Потоа пристигна втора, двојно повисока и тоа од истиот клуб. И повторно реков „не“. Тогаш пријателот ми рече: „Треба да им кажеме, бидејќи тие не знаат дека не сакаш да одиш во Арабија.

-Јас му одговорив „Ако можат да ми дадат толку, можеби ќе одам. Сопругата ми рече: „Будало, како мислиш дека ќе ти дадат толку пари?“. Сепак, овој лудак беше во право. Кога рекоа „да“, жена ми ме рече: „И што ќе правиме сега?“ Реков: „Ништо, сега одиме во Лисабон. Немам желба да одам на тоа место, таму да ја завршам кариерата, -обелоденил Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни