Лига на шампиони
Ди Марија неколку минути чекаше да влезе во игра, па беше вратен на клупата за резерви (Видео)

Финишот од дерби мечот на вечерта во Лигата на шампионите ни донесе гол на Нејмар со кој ПСЖ ја потврди победата од 1:3, но и една бизарна ситуација во која најголемата жртва беше Анхел Ди Марија.
Аргентинецот од 85-та до 88-та минута чекаше крај аут линијата прекин на играта за да влезе во игра, но кога се чинеше дека тоа ќе се случи, дојде до промена во размислувањата кај тренерот Тухел, откако еден од играчите се пожали на повреда.
Диало не можеше да го доигра мечот и германскиот стручњак не сакаше да ризикува ставајќи офанзивен фудбалер, па Ди МАрија беше вратен на клупата за резерви, а на теренот истрча Геје.
Ова се случи само една седмица по немилата сцена која ја изрежира токму Ди Марија, кој на натпреварот против Лајпциг одби да се поздрави со тренерот Тухел, кој сега направи Аргентинецот да биде резерва на два меча во низа (овој со Јунајтед и оној во домашното првенство).

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Светпред 24 часа
Арсенал конечно се ослободи од Месут Озил, фудбалерот утре потпишува за својот нов тим
- Италијапред 20 часа
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 21 час
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 22 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)