Поврзете се со нас

Светски првенства

Ди Марија не ги заборави критичарите: Добив шанса за одмазда, доживеав нешто уникатно

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Анхел Ди Марија беше убедливо најдобар играч во финалето на Светското првенство додека беше на теренот, но кога излезе од игра, мечот доби комплетно луд тек и мораше да ги следи сите емоции од клупата за резерви.

Искусното крило изнуди пенал и постигна гол за предност од 2:0, но потоа не му остана ништо друго, освен да се моли на клупата и да верува во своите соиграчи. Со многу измешани емоции, солзи и радосни реакции, Ди Марија на крајот дочека да го подигне трофејот од мундијалот во Катар, па 40 дена по големиот успех, одработи ексклузивно интервју за „Оле“.

– Фудбалерите кои го имаат освоено последното Светско првенство имаат по 50 и 60 години и се уште зборуваа за тоа. Истото ќе важи и за нас, секогаш ќе се навраќаме на овој момент. Невозможно е да се заборави вакво нешто, ова ќе не следи до крајот на нашите животи.

– Доживеавме нешто уникатно, се што доживеавме после финалето не можевме да го замислиме. Јас имав слика во себе, замислував како го кревам и го бакнувам трофејот, но се што потоа следеше во Аргентина беше неверојатно. Тоа што го направија луѓето е незаборавно. Фактот што не можевме да стигнеме до Обелиск надмина се што можеше да се замисли.

– Критиките беа дел од мојата кариера во Аргентина. Имаше такви кои сметаа дека не сме доволно добри за националнио дрес. За мене секогаш беше тешко, секогаш се „посерував“ во финалињата, едноставно не бев роден за финалињата, секогаш ми се случуваше нешто. На крајот, Бог ми понуди шанса за одмазда и после три финалиња во кои не бев физички добар, следеа три во кои бев максимално фит и покажав што можам да направам. Копа Америка 2021-ва, Финалисима и Светското првенство беше шлаг на тортата. Претходно имав повреди кои се случуваа поради нешто, но сега го дочекав своето време. Тие критики многу ме болеа и сега можам на сите тие што критикуваа да им кажам дека не беа во право, – изјави Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни