Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија најави крај на репрезентативната кариера: Ќе се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата…(ФОТО)

Објавено

на

Анхел Ди Марија веќе долго време е значаен дел од аргентинската репрезентација со која има забележано големи успеси како пехарот на Светското првенство, потоа славјето на Копа Америка, но и златниот медал на Олимписките игри во 2008 година.

Меѓутоа секоја приказна има свој почеток и крај, па членот на Бенфика најави заминување во репрезентативна пензија и тоа по Копа Америка која е закажана за наредната година.

-Копа Америка ќе биде последен пат кога ќе го облечам аргентинскиот дрес, со сета болка на душата и чувство на грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата, облечи го, испоти го и ЧУВСТВУВАЈ го со сета моја гордост, -порача крилниот напаѓач.

Инаку Ди Марија во сите овие пехари, медали на „гаучосите“ даваше голови во финалните средби, па сосема јасно е зошто селекторот Лионел Скалони има истакнато дека заслужува исто признание како Меси, Диего Марадона и Марио Кемпес поради неговите достигнувања со националниот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни