Поврзете се со нас

Италија

Ди Марија на клучни преговори со италијански гигант, проблем е должината на договорот

Објавено

на

Анхел Ди Марија ја заврши епизодата во Пари Сен Жермен која траеше седум години и како слободен фудбалер ќе може да ја избере новата дестинација.

Брзногото крило сака да остане во Европа за да во што подобра форма, кондиција го дочека Светското првенство во Катар, но проблем за заинтересираните клубови е што Ди Марија не сака долгорочно да се врзува.

Имено „Гол“ пренесува дека Анхел влегува во клучни преговори со Јувентус, наводно личните примиња воопшто не се проблем и се договорено (8 милиони евра по сезона), меѓутоа Аргентинецот има еден став за должината на договорот, додека калчолигашот има друго размислување.

Имено желбата на Ди Марија е едногодишна соработка, Јувентус сака истата да биде на две години за да тренерот Масимилијано Алегри има чиста слика и може да изгради тим кој ќе го нападне Скудетото и биде конкурентен во ЛШ.

Останува да се види дали некој ќе попушти, односно дали двете страни можат да си подадат рака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни