Свет
Ди Марија му пратил нацрт на Меси за тоа како ќе игра во ПСЖ: Кога дознав дека сака да си оди од Барса…
Анхел Ди Марија го крена гласот откако не беше повикан за аргентинскта репрезентација од страна на селекторот Скалони, нагласувајќи дека не може да се зборува за промена на генерации во тимот кога и натаму повици добиваат Лионел Меси и Серхио Агуеро.
Ѕвездата на ПСЖ зборуваше без влакна на јазикот во интервјуто за „Клос Континентал“, но покрај тоа што даде изјава за својата ситуација во селекцијата, откри дека се обидел да го привлече својот добар познаник и сонародник Лионел Меси во Париз.
– Кога дознав дека Меси сака да си оди од Барселона, му испратив нацрт на Инстаграм за тоа на која позиција ќе игра во ПСЖ и како ќе изгледа тимот со него, – открива Ди Марија, кој сепак не обелодени каков одговор добил од Лео.
Аргентинецот е еден од ретките фудбалери кои можат да се пофалат дека играле со Лео и Кристијано во ист тим, па како таков, вели дека Роналдо треба да добие огромна заслуга за тоа што постојано се борел со Меси за „Златната топка“.
– Кристијано Роналдо е животно. Заслужува голем респект за тоа што се бореше со Меси за „Златната топка“, пред се поради тоа што тој го нема природниот дар од Бога како Лео. На двајцата им дојде многу добро тоа што се имаа за противници еден за друг, – заклучува Ди Марија.
-
НБАпред 12 часа
НБА отвори истрага против браќата на Јокиќ, податоци собира и американската полиција (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Ладен како шприцер: Реакцијата на Касилјас по победничкиот гол на Белингам (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Аморим бил во Лондон, преговарал за преземање премиерлигашка екипа
-
Англијапред 13 часа
Млад фан на Челси ги посрамоти ѕвездите на Покетино со пораката на „Емирејтс“ (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Покетино по историскиот потоп од Арсенал: Не е фер да се употреби тој термин за моите играчи
-
Лига на шампионипред 12 часа
Младата ѕвезда на Баерн: Сонувам да играм против Белингам во ЛШ
-
Англијапред 3 часа
Роси има интересен предлог за тренер на Јунајтед: Тој е легенда и помогна да се изгради нивната култура
-
НБАпред 9 часа
Дончиќ ги уништи Клиперси со својата најслаба точка, па ги „поздрави“ хејтерите (Видео)