Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија му одговори на Роналдо и му посочи зошто не може да се споредува со Меси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SLBenfica

Анхел Ди Марија имаше можност да игра со Кристијано Роналдо и Лионел Меси од иста страна на теренот, а како одговор на последниот заклучок кој го даде легендарниот Португалецот, популарниот „Ел Фидео“ јасно избра страна во вечната дебата.

Кристијано пред десет дена самиот се нарече најдобар играч во историјата на фудбалот и посочи дека не видел некој што е покомплетен од него, но бидејќи ова не е првпат да зборува со таков тон, Ди Марија реши да наброи неколку факти кои прават Меси да биде барем едно скалило над него.

– Не сум изненаден од изјавата на Роналдо, отсекогаш бил таков. Секогаш давал такви изјави, секогаш се обидувал да биде најдобар. Сепак, лоша вест за него е тоа што е роден во генерација во која има еден подобар од него. Другиот е допрен од Бога со магично стапче, а доказ за тоа се и бројките.

– Меси има 8 „Златни топки“, Роналдо има 5. Има голема разлика во тоа, а голема е и разликата што едниот е светски шампион, а другиот не. Разликата има и во тоа што Лео има две титули во Копа Америка, а Роналдо едно Европско првенство.

– Има многу разлики, а тука е и самата игра, работите кои се гледаат на теренот, на секоја минута на натпреварите. Едниот игра како да е во двор, постојано дава голови со истиот удар, но тоа го прави 18 години наназад. Роналдо секогаш ќе ги дава овие изјави, секогаш ќе биде истиот, но Меси за мене е најдобар во светот и најдобар во историјата, – вели Ди Марија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни