Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија: Меси е најдоброто нешто што ми се случи во кариерата

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Анхел Ди Марија како специјален гостин во радио програмата на Марсело Бенедето говорел за сите големи успеси кои ги оствари како аргентински репрезентативец, етапа која реши да ја заокружи и да ја остави зад себе со освоената титула на Копа Америка.

Легендарното крило се прости од националниот дрес и остави спомени кои вечно ќе остана во сеќавање на „гаучосите“, а иако тој беше круцијален на сите големи финалиња кои ги одигра Аргентина, за него има само еден недопирлив играч во фудбалот.

– Меси е најголемото нешто што може да го видите во фудбалот. Не може да стигнете повисоко од нивото кое го достигна Меси, тој е најдобриот во историјата. Тој е убедливо на врвот, а останатите се многу скалила подоле од него. Тоа што имав можност да тренирам со него, тоа што гледав како се подготвува и како се однесува, тоа се работи кои нема да ги заборавам.

– Имам кажано многу работи за Лео, Меси е најдоброто нешто што ми се случи во кариерата. За мене тоа е играњето со Меси, за други Аргентинци тоа е играњето со Диего Марадона.

– Диего јас го доживував на поинаков начин, тој за мене беше како Бог. Јас го сметав него за втор татко. Ми беше поддршка во најтешките моменти, секогаш веруваше во мене и секогаш беше блиску да ми даде совет. Ме сакаше како да сум негов син, тоа го зборувавме и со неговите ќерки кога последно се видовме, – вели Ди Марија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни