Поврзете се со нас

Италија

Ди Марија конечно го одбрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата

Објавено

на

Медиумите во Италија пренесуваат дека Анхел Ди Марија конечно донел одлука околу тоа каде ќе ја продолжи својата кариера.

Шпекулациите говорат дека Јувентус конечно постигнал договор со аргентинскиот фудбалер и во моментов се работи на финализирање на договорот кој ќе го добие офанзивецот од клубот од Торино.

34 годишниот фудбалер е слободен агент откако го напушти ПСЖ по седумгодишен престој на „Паркот на принцовите“.

Ди Марија извесен период чекаше понуда од Барселона, клуб во кој посакуваше да ја продолжи кариерата. Сепак, „каталонците“ не биле во можност да му понудат соработка, па офанзивецот се решил на крај да ја прифати понудата на Јувентус.

Се очекува Јувентус првично да го претстави Пол Погба, а веднаш потоа да го претстави и доаѓањето на Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни