Поврзете се со нас

Франција

Ди Марија изведе фудбалска минијатура и самостојно го победи Рен (Видео)

Објавено

на

Анхел Ди Марија имаше фудаблска симултанка оваа вечер на „Паркот на принцовите“, со која ги натера фановите барем за момент да заборават на проблемите во Лигата на шампионите и неиграњето на најголемите ѕвзди во првиот тим.

Без Нејмар и Мбапе во стартната постава, францускиот првак секако не е ист тим, но сепак има доволен квалитет за лесно да се справува со противниците во домашното првенство кога има играч како Ди Марија.

Аргентинецот најпрво му асистираше на Моизе Кен за водство против Рен од 1:0, а потоа ја презема одговорноста и околу реализацијата и потврдата на трите бода.

Крилниот напаѓач изведе фудбалска минијатура во 21-та минута и со фантастичен лоб го остави без никаков одговор противничкиот голман, а потоа во второто полувреме го постави и конечниот резултат.

Ди Марија биеше силно од дистанца и го совлада лошо поставениот Гоми, со што ја потврди осмата победа во низа на францускиот првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни