Свет
Ди Марија: Има двајца најдобри во историјата на фудбалот, но никој не може да се споредува со еден
Анхел Ди МАрија е еден од ретките фудбалери кои имаа можност во текот на кариерата да играат со двајцата играчи кои ги одбележаа последните две децении, но поради фактот што освои и многу титули со Лео Меси и Кристијано Роналдо, неговите изјави за тоа кој е подобар привлекуваат посебно внимание.
Ди Марија на клупски план ја делеше соблекувалната со Роналдо и му беше извонреден колега во Реал Мадрид, но од друга страна, од самиот старт на кариерата му беше сојузник на Меси во аргентинската репрезентација, во која на крајот го имаше и за свој капитен.
Легендарното крило се повлече од репрезентацијата пред извесно време и стави крај на едно незаборавно патување, а сега со својата последна изјава за двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата, Анхел воедно ги израдува сите фанови во родната земја.
– За мене, Меси и Роналдо се двајцата најдобри играчи во историјата, но очигледно е дека никој не може да се споредува со Лео. Ниту еден играч не може да го надмине Меси, – вели Ди Марија.
Пред неколку дена, слична изјава даде и Жерар Пике, нагласувајќи дека Роналдо е најдобар меѓу обичните луѓе, но не е подобар од „вонземјанинот“ Меси.
-
Свет19 часа
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ му продаде маалска финта, Кари се „изгуби“ на теренот (Видео)
-
Македонија22 часа
Легендарната Кастратовиќ ќе биде втор македонски член во „Куќата на славните“ (Фото)
-
Шпанија20 часа
Рафиња со капитенската порака го заштити најкритикуваниот играч на Барса
-
Англија23 часа
Гвардиола го разјасни својот однос со Де Брујне: Точно е, не сакам да игра…… (Видео)
-
Шпанија21 час
Симпатично видео од Шпанија: Двајца млади фанови на Осасуна водеа битка за еден дрес и станаа вирален хит
-
Италија22 часа
Одговорниот човек за лекарскиот тим на „Артемио Франки“ откри како му бил спасен животот на Бове
-
Лига на шампиони11 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола