Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија и Меси за првпат ќе се спојат и на клупски план

Објавено

на

Foto:twitter.com/slbenfica_en

Анхел Ди Марија и Лионел Меси се добри пријатели, сонародници кои многу се почитуваат, двајца асови кои имаат многу поминато во аргентинската селекција.

Меѓутоа досега двајцата се немаат споено на клупски план иако имаат играно за доста големи клубови, но како што стојат работите тоа може да се оствари во завршницата на нивните кариери.

Најновите информации кои доаѓаат е дека Ди Марија ќе се пресели во Интер Мајами каде покрај Меси во моментов е и Луис Суарез, но Серхио Бускетс и Жорди Алба. На офанзивецот му завршува договорот со Бенфика и според „А Бола“ тој за кратко време ќе се врати дома и до крајот на годинава ќе игра за неговиот прв клуб Розарио Сентрал за да потоа замине на Флорида.

Крилото во досегашното патување има настапува во Англија, Шпанија, Португалија, Италија и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни