Поврзете се со нас

Франција

Ди Марија го преплаши Ерера и му фати сеир на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Играчите на ПСЖ на големо се подготвуваат за натпреварот во Лигата на шампионите, бидејќи натпреварот меѓу францускиот првак и Аталанта е прв на програмата од четвртфиналната понуда во најелитното натпреварување.

Дуелот во Лисабон меѓу францускиот и италијанскиот тим е закажан за во среда, а на два дена пред одигрувањето на четвртфиналето, Ди Марија ни долови дека атмосферата во таборот на „светците“ е идеална.

Претходно, Томас Тухел со својата изјава навести дека во ниту еден случај нема да го потцени тимот кој според него негува уникатен стил на игра, а подоцна пристигна комичното видео од тренинг комплексот на „светците“, каде Ди Марија ја презема главната улога.

Аргентинецот неприметно се сокри и успеа да го преплаши својот соиграч Андер Ерара, а Шпанецот не му остана должен, па откако се „стрес“ му подели неколку погрдни зборови со насмевка на лицето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни