Поврзете се со нас

Италија

Ди Марија го потврди интересот од Јувентус: Тоа е најголем клуб во Италија (Видео)

Објавено

на

Аргентинскиот фудбалер, Анхел Ди Марија беше гостин во емисија на познатата новинаска агенција „ЕСПН“.

Во видео интервјуто Ди Марија доби задача да одговара каде би ја продолжил кариерата откако претходно новинарот му покажуваше дресови од италијански клубови.

Кога му го покажа дресот од Рома, Ди Марија негираше дека ќе се приклучи на „волчицата“, но кога дојде време да се покаже дресот на Јувентус, Аргентинецот даде поопширен одговор во кој потврди дека Јуве се интересира за него.

– Тие се најголем клуб во Италија. Јувентус е еден од клубовите кои се интересираат за мене. Во овој момент јас сум концентриран само на одморот со моето семејство, -изјави меѓу другото Ди Марија.

Според последните најави, фудбалерот чека понуда од Барселона и токму затоа се ушт ене прифатил ништо од Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни