Шпанија
Ди Марија го одбива Јувентус со намера да потпише за друг европски гигант

Аргентинскиот репрезентативец, Анхел Ди Марија се уште не го решил прашањето за својата иднина и во моментов е во потрага по нова фудбалска средина каде ќе ја продолжи својата кариера.
Крилниот фудбалер стави крај на седумгодишниот престој во редовите на ПСЖ и ова лето како слободен агент ќе може да реализира трансфер во друг клуб.
Досега најзагреан за неговиот потпис беше италијански Јувентус, кој веќе му доставил две понуди кои Аргентинецот веднаш ги одбил.
Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека причината што Ди Марија ги одбивал понудите на ПСЖ е тоа што тој чекал понуда од Барселона, клуб кој се интересираше за неговите услуги и минатото лето.
Очигледно е дека постои интерес од двете страни за меѓусебна соработка, но во овој момент проблем претставува платата на Ди Марија која би била преголема и за клуб како Барселона.
Сепак, ако на крајот двете страни се договорат за соработка, Ди Марија ќе биде еден од ретките фудбалери кои ги облекле дресовите на двата најголеми шпански клубови, Реал Мадрид и Барселона.
-
Пливањепред 21 час
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 22 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 13 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)