Свет
Ди Марија ги избрал најважните тројца, но и најлошиот тренер со кој соработувал во кариерата
Анхел Ди Марија освои многу трофеи и настапуваше за големи европски клубови, а откако собра искуство во повеќе великани и најквалитетните европски лиги има право да направи одредени споредби кои се дел од сопственото професионално искуство.
Аргентинецот во последното интервју за аргентинската верзија на „ЕСПН“ ги издвоил тројцата најдобри тренери со кои работел во кариерата, но не заборавил да го издвои и најлошиот.
– Најлошиот дефинитивно е Луи ван Гал. Ако некогаш сте се сомневале, еве да ги расчистиме дилемите, – рекол Ди Марија.
36-годишниот крилен напаѓач во триото најдобри ги издвоил актуелниот аргентински селектор Лионел Скалони, како и поранешните предводници на „гаучосите“, Алехандро Сабелја и Диего Армандо Марадона.
– Никогаш не го сметав Марадона само како селектор, тој пред се беше пријател. Се однесуваше со мене како родител, сметаше на мене кога никој не би го направил тоа и секогаш кога добивав критики, тој ми даваше уште поголема шанса. Сум го кажал тоа и порано, Меси е најдобар на сите времиња, но Диего е Диего, за мене, за Аргентина и за целиот свет, – рекол емотивниот Ди Марија.
-
Италијапред 22 часа
Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…
-
Светпред 23 часа
Симиќ меѓу најефикасните за Прат во Купот на Шпанија
-
Лига на шампионипред 22 часа
Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!
-
Балканпред 21 час
Мурињо за бомбастичното засилување на Галатасарај: Имам само еден проблем со него
-
Светпред 17 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 21 час
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 20 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
АТПпред 12 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)