Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ди Марија: Ги дадовме нашите животи за овој дрес, знам еден ден…

Објавено

на

Пари Сен Жермен доживеа пораз од Баерн Минхен од 1-0 во финалето на Лигата на шампионите и со тоа пропушти можност да му се приклучи на Олимпик Марсеј на листата на француски клубови кои триумфирале во елитното европско натпреварување.

Секако овој пораз донесе разочарување во таборот на „светците“ кои силно веруваа дека токму оваа година е нивна и ќе успеа да испишат нова страница во клупската историја. Голем број од играчите веќе се огласија, а тоа го направи и Анхел Ди Марија преку порака на социјалните мрежи каде истакна дека е убеден дека ПСЖ во иднина сепак ќе дојде до зацртаната цел.

-Се боревме до последната секунда. Ги дадовме животи за овој дрес. Ние секогаш ќе се обидеме да го носиме што е можно погордо. Денес не можевме да ја заокружиме неверојатната година, но фудбалот дозволува одмазда и знам дека еден ден овој клуб ќе го има. Благодарам на ултрасите за безусловната поддршка. Ние ќе продолжиме да се бориме како што секогаш тоа сме го правеле. Напред ПСЖ, -истакна Аргентинецот на „Твитер“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни