Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ди Марија: Франција и Германија докажаа едно нешто

Објавено

на

Бразилецот Нејмар беше задолжен за атрактивни потези и постојано беше главна закана за играчите на Лајпциг, но дефинитивно, играч кој ја направи клучната разлика на теренот беше Анхел Ди Марија.

Аргентинецот сосема заслужено беше избран за играч на мечот на првото полуфинале во Лигата на шампионите, бидејќи учествуваше во сите три гола кои ги постигнаа „светците“ во мрежата на германскиот Бундеслигаш.

Ди Марија најпрво хируршки прецизно го погоди Маркињос во глава, потоа зголеми на 2:0 и се запиша во листата на стрелците пред крајот на првиот дел, а за крај го проигра и Бернат кој погоди за 3:0 и обезбедување на прв историски пласман на ПСЖ во Лигата на шампионите.

Како главна ѕвезда на полуфиналето, Ди Марија имаше збор веднаш по крајот на мечот и нагласи дека со ваква игра, ПСЖ може да оди до крајот и да го подигне трофејот во финалето.

– Нависитна сме многу среќни. Цел тим имаше добар меч, сакавме да испишеме историја со пласман во финалето и го направивме тоа. Го одведовме ПСЖ во финалето и тоа е најважно. Ако продолжиме како вечерва, може да победиме во финалето. Направивме Лајпциг да изгледа слаб тим, а не е така. На почетокот на мечот беше 50-50, но знаевме дека со вложена максимална енергија, на крајот ќе победиме.

– Ќе биде тешко да се спие вечерва имајќи го на ум големото финале во недела. Најважно е добро да се подготвиме. Франција и Германија докажаа едно нешто. Тоа е дека во овие лиги има високо ниво, докажавме дека сме на исто ниво како другите лиги во Европа. Без разлика дали ќе играме против Баерн или ПСЖ, во финалето ќе го дадеме максимумот, на еден чекор сме од посакуваната цел, – заврши Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни