Поврзете се со нас

Франција

Ди Марија: Драго ми е што не завршив во Барселона

Објавено

на

Анхел Ди Марија веќе неколку сезони е дел од Пари Сен Жермен, клуб во кој одлично се снајде и досега освои многу трофеи.

Меѓутоа не беше секогаш идеално за Ди Марија во Париз, па така во 2017 година (летото кога Нејмар дојде на „Паркот на принцовите) малку фалеше да заврши во Барселона иако претходно го имаше носено дресот на Реал Мадрид. Барса и ПСЖ преговараа, ама сепак до договор не дојде и од денешна перспектива Аргентинецот е среќен што тоа се случило.

-Бев многу среќен во Париз, но луѓето во клубот во тоа време ми кажуваа некои работи, што се покажаa како лаги на крајот. Барса се обиде да ме ангажира. Двата клуба разговараа за тоа, но ПСЖ не сакаше да ме продаде и тука се заврши.

-Овие лаги многу ме вознемирија, ама на крајот тоа што не си заминав беше добра работа затоа што сум среќен во Париз, -вели Ди Марија кој посакува тука да ја заврши кариерата.

-Сакам да ја завршам кариерата во Европа со ПСЖ, тоа е единственото нешто што го имам на ум. Среќен сум овде, исто и мојата фамилија. Што се однесува до останатото, се уште не знам. Не се започнати дискусии и ова не е моја намера во овој момент. Сакам да се фокусирам на теренот, останатото ќе дојде подоцна, -порача искусниот крилен напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни