Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија донесе победа за Аргентина, Меси му аплаудираше (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Аргентина се подготвува за настап на Копа Америка, а дел од тие подготовки се и пријателски средби од кои првата беше против Еквадор, тест кој заврши успешно со победа од 1-0.

„Гаучосите“ го започнаа овој дуел без првата ѕвезда и капитен Лионел Меси, меѓутоа тоа не беше проблем за нив во првиот дел да го матираат противникот.

По акцијата во која дефанзивецот Ромеро испорача одлична топка до Ди Марија овој вториот рутински ја смести истата во голот на Еквадор во 40 минута. Оваа акција беше поздравена од сите, вклучувајќи го и Меси на клупата кој даде силен аплауз за сонародниците.

Лео влезе во вториот дел токму на местото на Ди Марија, ама немаше конкретен придонес кога се во прашање голови или асистенции.

Последниот тест за Аргентина пред Копа Америка е против Гватемала на 15 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни