Поврзете се со нас

Лига Европа

Ди Марија: Долго време чекав ваква можност во Јувентус (ВИДЕО)

Објавено

на

Јувентус успеа да ја мине првата пречка во Лига Европа, односно да слави над составот на Нант со вкупно 4-1 во двомечот.

„Бјанконерите“ беа супериорни во реваншот во Франција, победија со 3-0 во средба во која свое шоу имаше аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија. Офанзивецот беше автор на сите три гола (два во првото, еден во второто полувреме) од кои за издвојување дефинитивно беше првиот кој сигурно ќе влезе во конкуренција за најдобар во оваа сезона во ова натпреварување.

-Јас сум навистина среќен што успеав да ја завршам добрата работа на тимот и да ја претворам во голови. Сакавме да се најдеме во следната рунда, Лигата на Европа е многу важна за нас. Долго време чекав за ваква можност во дресот на Јувентус и успеав да ја подигнам летвичката.

-Се обидувам да му помогнам на тимот, победивме и сме во осминафиналето. Овој резултат значи многу за нашата сезона, победувајќи овде со целиот стадион навивајќи се против нас, но го добивме она што го сакавме, -порача Ди Марија во својот прв коментар.

Ветеранот е свесен дека има критики на негова адреса, но се надева дека и во иднина ќе може да дава ваков придонес за клубот од Торино.

-Знам дека имаше критики и се чувствував лошо затоа што знаев дека можам да дадам повеќе. Ми требаше некое време да ја пронајдам мојата форма, потоа имав проблеми со повредата. Не беше лесно ниту на психолошко ниво, но сега сум среќен, заклучи Анхел за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни