Поврзете се со нас

Франција

Ди Марија: Би се откажал од сите трофеи за триумф со ПСЖ во Лигата на шампионите

Објавено

на

Анхел Ди Марија е дел од актуелниот „дрим тим“ на ПСЖ, кој во новата сезона влезе со уште поголеми амбиции, а Аргентинецот не крие кој е неговиот фудбалски сон.

Иако зад себе има многу трофеи со клубовите во кои настапуваше и освоена Копа Америка со Аргентина, Ди Марија вели дека посакува да триумфира во Лигата на шампионите токму со ПСЖ.

– Би се откажал од сите 17 трофеи освоени досега, за да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ.

– Не сме многу далеку. Понекогаш не треба да имате којзнае каква сезона за на крајот да го освоите натпреварувањето. Ќе ми биде тешко да си заминам од овде без тој трофеј, – изјавил Ди Марија, кој сезонава може да игра заедно со сонародникот Лео Меси.

– Тоа беше една од работите кои ми недостасуваа, да играм во ист клуб со Меси. Од почеток до крај, тој беше и ќе остане најдобар фудбалер во светот, – изјавил Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни