Поврзете се со нас

Италија

Ди Марија: Асистенциите се поважни од головите, но заслужено нема да играм против Милан

Објавено

на

Анхел Ди Марија беше креатор и творец на важната победа која ја оствари Јувентус во Лигата на шампионите, прва во сезоната во која италијанскиот тим за прпват стартуваше со два порази.

Јуве и натаму има голема негатива во однос на ПСЖ и Бенфика, но сега е на достижни четири бода и може да се надева дека ќе добие шанса за пласман во осминафиналето.

Ди Марија брилјираше и запиша три асистенции во победата од 3:1 над Макаби Хаифа, но неговата магија ќе недостасува веќе овој викенд, кога Јувентус ќе одигра дерби со Милан во Серија А.

– Тимот е најважната работа во светот и имавме извонреден меч. Му помогнав на тимот да победи и асистенциите ме прават среќен. Асистенциите се поважни од головите, сакам да играм вака за тимот и тоа ме прави среќен. Макаби беше добар против ПСЖ и Бенфика и мора да обрнеме внимание на реваншот.

– Што се однесува до дербито кое следи во Италија, јас заслужувам да не играм. Жалам за тоа што го направив, заслужено нема да бидам на теренот. Покажав непочитување кон себе и кон клубот. Ќе се обидам да не го повторам тоа, – порача Ди Марија кој викендов ќе го одлежи својот втор меч суспензија за испадот и црвениот картон на мечот со Монца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни