Поврзете се со нас

Италија

Ди Марцио ја откри цената која Наполи ќе ја бара за Осимен, многу клубови ќе се откажат од намерата да го ангажираат

Објавено

на

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио ја пренесе цената која заинтересираните клубови ќе треба да ја платат на Наполи доколку сакаат да го ангажираат Виктор Осимен.

Нигериецот игра во одлична форма во тимот од Неапол и со своите настапи го привлече вниманието на неколку европски великани меѓу кои и премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Челси.

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис нема по секоја цена да се откаже од еден од своите најдобри играчи и ќе го пушти Осимен да си оди од клубот за сума од 120 милиони евра.

Тоа го тврди Џанлука Ди Марцио кој исто така посочи дека ваквата цена ќе ги оддалечи клубовите кои се заинтересирани за него.

Таков е случајот и со Манчестер Јунајтед од каде веќе „кренале раце“ од намерата да го ангажираат Осимен по оваа сума, која би била нивен рекорден трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни