Поврзете се со нас

Италија

Ди Марцио: Де Шилјо се сели во Рома

Објавено

на

Јувентус и Рома во овој преоден рок беа поврзувани со неколку трансфери, но очигледно засега сигурна реализација ќе има за повремениот италијански репрезентативец Матија Де Шилјо.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека вечерва Јувентус и Рома постигнале договор за трансферот на Де Шилјо, кој може да покрива на двете бековски позиции, а во досегашниот клуб не добиваше сериозна минутажа.

Рома ќе плати 10 милиони евра за Де Шилјо, а на клубовите им останало само да го договорат временскиот период во кој ќе биде исплатена оваа сума.

Един Џеко и натаму е интересен за Јувентус, но засега се уште е поблиску до останување во Рома, а дури и при евентуална реализација на овој трансфер, тој нема да биде поврзуван со трансферот на Де Шилјо.

Јувентус истовремено се обидува да стигне до потписот на двајца млади играчи на Рома, а тоа се Алесио Рикарди и Рикардо Калафиори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни