Поврзете се со нас

Италија

Ди Лоренцо: Има голема разлика меѓу нас и Интер

Објавено

на

Foto:twitter.com/DiMarzio

Наполи доживеа убедлив пораз од Интер од 3-0 во дерби пресметката во Серија А, пораз со кој наполитанците се се подалеку од самиот врв на табелата во сезоната во која ја бранат титулата.

Интер по 14. кола има веќе 11 бода повеќе од избраниците на Валтер Мацари, па капитенот Џовани Ди Лоренцо е свесен дека е нема поента тие да зборуваат за Скудетото.

-Сега има многу голема разлика, нема смисла да се зборува за Скудетото. Мораме да одиме еден по еден натпревар и да видиме до каде сме. Ќе биде пресметка со Јуве, ние знаеме што значи овој натпревар за нашите навивачи и ќе го подготвиме на најдобар можен начин.

-Има разлика, но се може да се случи во фудбалот и не заслуживме да загубиме на последните два натпревари, -рече капитенот и додаде:

-Секако не можеме да бидеме задоволни со резултатот, дури и ако имавме добар настап. Барем повторно почнуваме да играме добар фудбал и создадовме многу шанси, едноставно не ги претворивме и тоа е разочарувачки, -заклучи соиграчот на нашиот Елиф Елмас.

Во наредното коло Наполи му гостува на Јувентус, па доаѓа клучниот меч со Брага за пласман во нокаут фазата на ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни